Предлог – закон за извршување на Буџетот

19

mnogu_pari

Собраниската комисија за финансирање на Буџет до сабота на полноќ ја заврши амандманската расправа, иако не беа разгледани сите поднесени амандмани. Останатите амандмани ќе бидат дел од извештајот на Комисијата.

Буџетот за 2014 година ќе изнесува 176,5 милијарди денари, од кои државата очекува да прибере 158,2 милијадри денари. Предвидено е раст на бруто домашниот производ од 3,2%, како и инфлацијата да се движи околу 3,3%.

Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, пратениците го донесоа по скратена постапка.

Собранието на седница во рок од пет дена ќе треба да го донесе Буџетот за следната година. Пленарната седница се уште не е закажана.