Донесена нова одлука за влез во Бугарија на македонските државјани

126

Министерството за надворешни работи  информира дека по интензивната комуникација меѓу македонското и бугарското Министерство за надворешни работи надлежните институции на Република Бугарија, донеле нова одлука за влез во Бугарија на македонските државјани. Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби, соопшти МНР.

„Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари  (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, информира МНР.