Донирајте за помош на луѓето од поплавените подрачја

16

donacija

Поројните врнежи од дожд што викендов ја зафатија земјата, предизвикаа човечки загуби и голема материјална штета. Од поплавите особено погодени беа скопскиот и тетовскиот регион. Според официјалните податоци, бројот на жртви во скопско се искачи на 21, а поголем број лица со повреди побараа лекарска помош.

“Тимовите на Црвениот крст на Република Македонија се вклучија во помош, поддршка и евакуација на жителите во општина Гази Баба и беше дистрибуирана хуманитарна помош во храна, ќебиња, душеци, вода за пиење за 1.000 лица. Беше извршена дополнителна дистрибуција на хуманитарна помош во вода за пиење (35 т), храна, хигиена, душеци, ќебиња, облека за дополнитени 1.000 лица. Во целата операција вклучени се 40 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), четири мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ“, стои во соопштението на Црвениот крст.

Потребно е да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција.

Граѓаните веќе се мобилизирани преку социјалните мрежи со цел да им помогнат на семејствата погодени од поплавите во Скопје.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08:00 до 18: 00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Од Црвениот крст апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.