Сопственикот на Twitter, Џек Дорси верува дека биткоинот би можел да биде клуч за светскиот мир.
Дорси, Илон Маск и Кети Вуд пред неколку денови учествуваа на онлајн конференцијата The B Word во текот на којашто расправаа за иднината на криптовалутите, околу кои сите се оптимисти.
“Јас се надевам дека ќе се создаде светски мир или ќе помогне околу тоа“, рекол Дорси за биткоинот.
Дорси на почетокот на годината донираше милион долари на непрофитниот тинк-танк центар за криптовалути, Coin Center. Донацијата има за цел да зголеми истражувачките и лобистички напори на Coin Center во Вашингтон.
Дорси и претходно отворено давал поддршка на криптовалутите, верувајќи дека ќе биткоинот ќе прерасне во “единствена валута“ на интернет. Финтек компанијата на Дорси, Square, минатата година инвестираше 50 милиони долари во биткоин. Апликацијата на Square им овозможува на корисниците да купуваат и продаваат биткоини.
Во текот на дискусија и првиот човек на автомобилскиот бренд Tesla, Илон Маск рекол дека му верува на биткоинот. Признал дека и сам поседува одредена количина од таа криптовалута, но не открил за колкав износ станува збор. Освен тоа, рекол дека поседува и од другите видови на криптивалути, поради што се зголеми и нивната вредност.
Фото: Facebook