Досега откупени 23.000 тони тутун во земјава

25
Од Сојузот на тутунски здруженија на Македонија информираат дека се откупени 23.000 тони тутун во земјава, пишува Миа.
“Најголемиот дел од откупените количества тутун се од Пелагонискиот дел. Во источниот дел од земјава откупот е речиси завршен. Остануваат уште 2.000 до 3.000 тони тутун од договорените количества да ги преземат откупувачите и тие количества се најмногу од Пелагониско. Просечната цена е 118 денари за килограм“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.
Според Милески откупот може да заврши до крајот на февруари иако законскиот рок е 15 март.
Во текот на откупната кампања, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Земјоделскиот инспекторат најавија дека по откупот на договорените количества ќе се видат можностите за откуп и на вишокот тутун од ланската производствена реколта.