Dove ја редефинира убавината, овој пат мајки и ќерки прават селфи

20

Dove

По видеото “Поубава си од што мислиш” кое беше дел од кампањата на Dove за промоција на реалната убавина, компанијата сега објави уште едно видео. Краткиот филм наречен “Селфи”, во кој Dove презема уште еден социјален експеримент, ги предизвикува младите девојки да направат искрен и реален селфи (автопортрет направен со мобилен телефон) и да ги убедат и своите мајки да го сторат истото.

Со “Селфи”, Dove ја одбележува 10 годишнината од кампањата за вистинската убавина.