Доза инспиративни мисли за бизнисот

184

Ако ви треба доза на мотивација за да се одлучите на претприемачки чекор, продолжете да читате.

Во бизнисот единствено поважно од бројките е личноста.

Во секој бизнис има елемент на среќа и ризик. Со дисциплиниран ризик можете да победите и успеете или да научите нешто вредно.

Да се биде претприемач значи да се има целосна слобода на одлучување. Вие сте тие кои одлучувате во кој правец ќе тргнете.

Има огромна радост во остварување на потенцијалот, знаејќи дека навистина одите кон целта работејќи забрзано и чувствувајќи се исполнето од сопствените достигнувања.

Претприемачите се на самата граница помеѓу лудите и генијалните.

Треба првенствено да се чувствувате среќни од самите себе, а не како резултат на други луѓе.

Претприемачите се оние кои ја гледаат потребата на пазарот и прават нешто во врска со тоа.

Да се биде претприемач значи да се биде животен уметник. Да се има храброст за преземање големи ризици со верување дека создавате нешто што навистина значи.

Треба да сте спремни да играте многу повеќе улоги, не само вашата. Треба да се ставите во многу различни “чевли“ и да направите многу различни работи, надвор од вашите дневни задачи.

Фото: Pexels