Години наназад експертите безброј пати се обидуваа да го искористат дождот за производство на електрична енергија, но тоа не им појде од рака. Сега, научниците успеале да развијат генератор којшто го користи дождот за да произведе висока волтажа, пишува Engadget.
Само една капка дожд може да создаде 140 волти. т.е. доволно енергија, тврдат научници од Универзитетот во Хонг Конг.
Сепак, потребно е уште да се работи на овој генератор за да се добие практичен производ. Потребно е да се најде начин за акумулирање на енергијата за константно да се произведува.
Фото: Pexels