Дознајте што открива бојата по која е препознатлива вашата компанија

52

boi

Фото: Pixabay

Сакате да започнете нов бизнис или да го промените имиџот на постоечкиот? Внимателно одберете ги боите што ќе ги користите како препознатлив знак за вашата компанија и вашите производи, затоа што влијаат врз перцепцијата на клиентите и потрошувачите, пишува Business Insider.

Црвената боја значи моќ и страст. Црвената боја е асоцијација за возбуда, енергија и физичка сила. Оваа боја ја користат компании како Virgin Group, Coca Cola, Christian Louboutin…

Зелената боја симболизира младост, љубов кон природата, Планетата, универзална љубов, но и пари и завист. Зелената боја е атрактивна за луѓето што уживаат во животот. Компании чија заштитна боја е зелената се Starbucks, Garnier Fructis.

Квалитет и луксуз се асоцијациите што се врзуваат со виолетовата боја. Но, и со оваа боја треба да се внимава, затоа што може да се поврзе со невкус и кич, така што добро е да се комбинира со уште една боја.

Сината значи логичност, смиреност и комуникација, но важно е да се избере вистинскиот тон на сина, затоа што погрешна нијанса може да делува ладно, непристапно и така да ги одбива потенцијалните клиенти. Сината е примарна боја за најголемите социјални мрежи Facebook, Twitter, LinkedIn.

Како виолетовата, и црната е боја на луксузот. Кога се користи правилно, црната боја е боја на гламур, софистицираност и ексклузивност. Црното се сфаќа сериозно. Црната боја како симбол ја користат модните куќи Chanel и Yves Saint Laurent.

Розовата е симбол за нежност и сексипил. Розовото значи женственост, љубов и нежност, а светло розовото е слатко и најчесто таргетира мали девојчиња. Розовата стана заштитен знак на компанијата Victoria’s Secret.

Жолтата боја симболизира пријателство, весело расположение, оптимизам. Жолтата боја е највидлива на дневна светлина, а по жолтото се препознатливи McDonald’s и IKEA.

Кога ќе помислите на кафена боја, прво на ум ви паѓа чоколадо, но она што го симболизира оваа боја е топлина, доверба и сигурност. Поради тоа, оваа боја најчесто ја користат курирските служби и агенциите за обезбедување, но и оригиналните M&M доаѓаат во кафена паковка.

Портокаловата е боја на разиграност, забава, социјална интеракција. Но, треба да се внимава со користењето на оваа боја, затоа што може да остави впечаток на компании што тераат по своја волја и не можат да се сфатат сериозно.