ДПИ изврши 724 контроли и надзори, затворен еден угостителски објект

8

Со стапувањето на сила на новата одлука за забрана за движење населението и возила од јавен превоз од 22.00 часот до 05.00 часот наредниот ден, заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, како координатор на инспекциски служби, ги задолжи инспекторатите за засилени контроли и надзори на терен, во периодот што следи.

Во текот на вчерашниот ден Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во повеќе градови извршени се вкупно 41 надзор и 683 контроли во угостителски објекти. Контролите и надзорите се извршени  согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените Ковид протоколи.

При тоа, во Тетово на лице место е затворен еден угостителски објект, поради прекршување на протокол, односно организирање на роденденска забава. Објектот е затворен 30 дена и ќе се поведе прекршочна постапка согласно Законот за заштита на насeлението од заразни болести. Поединечно по градови, најмногу контроли и надзори се извршени во Скопје вкупно 126, во Битола, Гостивар, Тетово, Охрид, Струмица и во останатите градови во државата.

Од почетокот на пандемијата, инспекциските служби спроведуваат интензивни контроли и надзори на терен во делот на почитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и здравствените протоколи, секој во рамки на своите надлежности.

Фото: Pixabay