
ТТК Банка АД Скопје во соопштението објавено на Македонска берза известува дека, со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија бр. 15-34165/9 од 25 декември 2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.
Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката 02-7540/5 од 30.9.2024 година со која проф. д-р Драгољуб Арсовски е повторно именуван (реизбран) за член, тој исто така е избран и за Претседател на Управниот одбор – Генерален извршен директор на ТТК Банка АД Скопје.