
Просечната цена на купено обработливо земјиште во Република Хрватска во 2025 година изнесувала 6.723 евра по хектар, што е за 758 евра повеќе отколку во 2024 година, според привремените податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) за цените на одредени категории земјоделско земјиште – обработливо земјиште, ливади и пасишта.
Статистиката покажува дека во 2025 година, просечната цена на купените ливади изнесувала 4.280 евра по хектар, што е за 1.198 евра повеќе од претходната година, додека просечната цена на пасиштата била 6.893 евра или 2.859 евра повеќе.
ДЗС објаснува дека податоците за цените на купеното земјоделско земјиште се земени од евиденцијата за трансакции со недвижности на Даночната управа и дека податоците се собираат исклучиво за земјоделско земјиште што се користи за земјоделски цели.
Фото: Pixabay











