Драматични загуби на некогаш најбогатиот Кинез

220

Акциите на Alibaba незапирливо паѓаат на берзите, поради што се скратува богатството на сопственикот на онлајн компанијата и некогаш најбогатиот Кинез.

Како што продолжуваат проблемите на технолошкиот гигант, така и богатството на сопственикот на Alibaba драматично се „стопи“.

Милијардерот Џек Ма, некогаш најбогатиот Кинез, изгубил дури 30 милијарди долари во изминатата година и во моментов, според проценките на Форбс, е „тежок“ само околу 38,6 милијарди долари, во споредба со максималните 66,6 милијарди долари.  Само во петокот, по новиот пад на вредноста на акциите на Alibaba, Ма загуби дополнителни 350 милиони долари.

Alibaba Group минатата недела објави разочарувачки квартални приходи и ги сруши прогнозите за следната година.