Драстичен пад на цените на биткоин и етереум – за 24 часа избришани 147 милијарди долари

1893

Цените на криптовалутите драстично паднаа во последните 24 часа.

Биткоинот падна за повеќе од 7 отсто и се тргуваше за 38,5774 долари во 23:19 часот по источно време, според податоците од платформата CoinDesk.

Етер, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, потона за 8 отсто на 2.860 долари, при што во еден момент за време на тргувањето падна до 2.809,51 долари , пренесува CNBC.

Околу 147 милијарди долари се збришани од целиот пазар на криптовалути во последните 24 часа, покажуваат пресметките на порталот CoinMarketCap.

Падот на криптовалутите следи по падот на цените на акциите на Волстрит во четвртокот.