Познатиот бренд за часовници De Bethune, ја претстави својата нова футуристичка креација – Dream Watch 5, пишува Haute time. Часовникот е изработен по примерот на метеорските камења, а на куќиштето има насликано ѕвезди и галаксии со цел да се создаде што пореална слика.
Dream Watch 5 е направен од титаниум и затоа е многу отпорен и издржлив. На малиот бројчаник можат да се видат ознаките за часот и минутите, додека главниот фокус е ставен на големото куќиште со рубин чија ширина е 50 милиметри.
Навивањето на часовникот се врши рачно, а истиот има резервна моќ за четири до пет дена. Цената на луксузниот Dream Watch 5 е 410.000 евра.