Dress code дешифрирање – Како да се облечете, а да не утнете

233

Одлучувањето што треба и што ќе облечете за одреден настан или за на работа некогаш знае да создава главоболки. Свечени приеми, прослави, средба со деловни партнери, претпоставени или колеги скоро секогаш имаат пропишан кодекс на облекување како треба да се појавите.

Дали знаевте дека black tie всушност може да значи неколку работи? Иако овие мали разлики во кодексот на облекување не значат многу за мажите, тие претставуваат сериозни проблеми за жените – затоа што не е задоволство за никого да биде единствената личност во просторијата која облекла свечена тоалета.

За да се спасите од потенцијалните непријатности, откријте точно што диктира кодексот за облекување, и ако дури и по темелно проучување на кодексот за облекување не сте сигурни во која насока да одите, има еден трик што секогаш функционира – прашајте го домаќинот.

Black Tie

Во овој случај, мажите не треба да размислуваат – облечете го смокингот. За жените, сепак, работите се малку покомплицирани. Долг свечен фустан, внимателно со накитот, или ѓердан или обетки. Нападен принт не доаѓа во предвид, особено не “животински“ принт, како и кратки фустани.

Black Tie Optional

Еден од по “матните“ кодекси за облекување е black tie optional, како што самото име говори, тоа е ситуација кога на мажите им останува да изберат дали сакаат да носат смокинг или само темно одело. Истото важи и за жените наместо долг фустан, тие можат да носат и пократки свечени фустани.

Cocktail

Ако сте поканети на настан за кој е потребен  Cocktail кодекс за облекување мажите треба да изберат темен костум со вратоврска, додека жените се очекува да бидат облечени во фустани до или малку над коленото. Се разбира, не се исклучуваат елегантни панталони. Ако се двоумите за стајлингот,  црн фустан  со парче впечатлив накит или фенси чанта е секогаш добар избор.

Casual

Најнеформалниот вид кодекс на облекување е Casual, каде можете да го носите она во што се чувствувате пријатно.

Business Casual

Business Casual, значи удобна облека, но за канцелариска работа. Панталони,  поло маица, кошула кај мажите,  здолниште, панталони, кошула, марама кај жените.

Business/Informal

Business/Informal обично се носи во консултантски фирми и правни фирми.

Фото:Pexels