Dride – интелигентен уред за безбедно возење со повеќе опции

24

dride

Dride е иновативен уред што овозможува безбедно возење на автомобилот. Освен што има камера, Dride во исто време е и систем за навигација, препознава говорни команди и сигнализира доколку има некаква опасност на патот. Корисникот може да направи и сопствена апликација во зависност од неговите потреби.

Dride има камера којашто го снима целото патување на корисникот, што во случај на сообраќајка може да се користи како доказ. Исто така, располага со технологија што го предупредува корисникот за сите опасности на патот и различни ризични ситуации, на кои додека вози можеби и не им обрнува доволно внимание.

dride-1

Преку апликацијата за App Store и Google Play, Dride ги поврзува сите корисници кои можат да ги споделуваат своите искуства и да даваат совети. Уредот е поврзан со мобилниот уред на корисникот, па така додека вози може да пишува, испраќа и чита пораки.

Меѓу другите поважни карактеристики на Dride е тоа што може да го потсети корисникот да не го заборави своето дете во автомобилот или да сигнализира доколку некој се обидува да го украде возилото.

Зад овој иновативен уред стои американскиот старт – ап Dride, којшто го постави на Kickstarter и бара финансиска поддршка од 100.000 долари.