Дримлајнерите на Боинг може повторно да летаат

33

boeing-787FAA, сојузната управа за воздушен сообраќај издаде налог со кој официјално од денес завршува забраната за лет на авионите Боинг 787. Налогот се однесува само на авионите регистрирани во САД, но FAA очекува и останатите управи во странство да одредат вакви исти мерки.

Дримлајнерите на Боинг беа приземјени на 16 јануари, по неколку сериозни дефекти на акумулаторите.

Авиокомпаниите кои во своите флоти имаат авиони Боинг 787 мораат на главните и помошни акумулатори да вградат систем за изолација за да се избегне можен краток спој или прегрејување. Исто така, треба да се заменат и самите батерии и нивните полначи, за што, според проценките на Боинг, ќе бидат потребни по пет дена работа за еден авион.

Штом ќе бидат направени овие промени, авионите може да летаат, изјави портпаролот на Управата.