Дрон достави дефибрилатор и спаси маж со срцев удар во Шведска

122

Автономен дрон помогна да се спаси животот на 71-годишен маж кој доживеал срцев удар. Дронот му доставил дефибрилатор на лекар кој му пришол на помош на човекот кој се онесвестил додека чистел снег пред неговата куќа во Тролхетен, Шведска.

Мажот, кој побарал анонимност, подоцна за Би-Би-Си изјавил дека е „фантастично“ што опремата за спасување пристигнува за неколку минути. Компанијата што го испрати дронот, Everdrone, вели дека брзината помага дефибрилацијата да започне дури и пред да пристигне брзата помош.

Everdrone, исто така, рече дека биле потребни нешто повеќе од три минути од приемот на сигналот за итни случаи до испораката на автоматскиот надворешен дефибрилатор (AVD).

Пациентот не се сеќава што се случило тој ден, на почетокот на декември. Чистел густ снег од патеката пред неговата гаража, но наеднаш му се стемнило. Неговата сопруга подоцна објаснила колку тој имал среќа.

Докторот Мустафа Али, кој случајно минувал во тој момент, притрчал да помогне. Тој му рекол пред Everdrone: „Бев на пат кон работа во локалната болница кога погледнав низ прозорецот на автомобилот и видов човек кој паднал на патеката во неговиот двор. Човекот немаше пулс, па почнав да правам масажа на срцето, барајќи друг минувач да се јави на 112. Неколку минути подоцна, видов дека нешто ми прелета над главата. Тоа беше дрон со дефибрилатор“.

Извршниот директор на Everdrone, Матс Солстром, верува дека технологијата одиграла важна улога во напорите на тимот да го спаси животот на пациентот. „Имаме лекар кој прави срцева масажа, имаме рана дефибрилација, имаме третман со брза помош на пат до болница“, изјави тој за Би-Би-Си. „Важно е да се разбере дека постои синџир на настани кои спасуваат животи, а дронот е многу критичен дел од работата на системот“.

Дронот е развиен во партнерство помеѓу Каролинска институт – најголемиот медицински универзитет во Шведска, националниот оператор за итни случаи SOS Alarm, регионот Вастра Готаланд и Everdrone. Во 2020 година, групата ја истражуваше употребата на дронови за снабдување со дефибрилатори во Гетеборг и Кунгалв во западна Шведска.

За време на четиримесечната студија, истражувачите испратија дронови со дефибрилатори во 12 од вкупно 14 случаи на наводен срцев удар. Беспилотните летала успешно испорачуваат AVD во сите случаи освен еден.

Во седум од случаите беспилотните летала пристигнале пред возилата на брзата помош.