Дрон го обезбедува италијанскиот фестивал Санремо

54

dron-sanremo

Дрон се грижи за обезбедување на италијанскиот фестивал Санремо, што оваа година се одржува од седми до 11-ти февруари, пишува Sanremonews.it.

Вкупно 274 камери будно следат што се случува во непосредна близина на местото каде што се одржува познатиот фестивал, а беспилотното летало ја следи состојбата од воздух.

Дронот е на италијанската компанија Flytop, а две полициски службенички ќе бидат задолжени за негово управување. Едната од нив ќе го управува движењето на дронот, додека другата ќе биде задолжена за неговите сензори и вградени камери. Ова се случува за прв пат, дрон да се грижи за безбедноста на еден музички фестивал.

Санремо е најпознатиот италијански музички фестивал што се одржува од 1951 година во театарот Аристон во градот Санремо.