Дрон ќе “фаќа“ препишувачи на најтешкиот испит во Кина

46

studenti kina ispit

Над девет милиони тинејџери од Кина во овој период од година се подготвуваат за најтешкиот испит, под името gaokao, којшто трае два дена и одлучува на кој универзитет ќе треба да се запишат.

За да може да се спречи препишувањето на овој испит, во неколку кинески градови и провинции се вклучени и дронови, пишува China Daily.

dron prepisuva

Идејата е да се открие класичниот метод на препишување со користење на слушалки. Дронот, којшто лебди на околу 500 метри над просторот каде што се полага испитот, ќе ги “лови“ радио сигналите. Потоа ќе го открие потенцијалниот препишувач, а со помош на посебна технологија ќе може да ја одреди неговата точна локација.

dron prepis

Казната за препишување е забрана за полагање на овој испит во рок од три години, а соучесниците во мамењето ќе се соочат со казнени пријави.