Дрон може да го менува обликот за време на лет

37

Фото: Youtube

Научници од Швајцарија создадоа дрон што може да ја менува својата конструкција и облик за време на летот.

Овој дрон може да лета во својата првобитна форма, но по потреба да се прилагоди според приликите.

Обликот го менува преку поместување на четири “раце“ на коишто се поставени роторите на леталото. Овие “раце“ може да се издолжат, намалат или прошират додека дронот е во воздух. Додека ја менува својата форма, дронот ја задржува неопходната стабилност.