Дрон НEXO+ дизајниран да снима екстремни спортски сцени

17

HEXO dron

Хавиер дела Ру е основач на компанијата Squadrone System со седиште во Пало Алто и е режисер на филмови со екстремни спортски сцени. Во овој момент неговата компанија собира пари преку Kickstarter за HEXO+, дрон што е дизајниран да направи снимки на најоддалечените места и да ги меморира сите непредвидливи ситуации.

“Нашата првична идеја за НЕХО+ започна од нашата потреба за решение да направиме снимки од недостапни места како што се планините прекриени со снег. Почнавме да ја развиваме идејата, по што сфативме дека тоа може да го изведеме на многу едноставен начин. Го искористивме нашето искуство со правење на снимки од екстремни спортови, дизајнирање на дрон и аеродинамичен софтвер со цел да создадеме дрон што самостојно ќе може да лета, да снима и да ги проследува материјалите преку посебна апликација на паметните телефони“, се наведува на страницата на Kickstarter.

НЕХО+, како што велат неговите основачи, е многу повеќе од камера, бидејќи нема пилот, нема камерман и нема главоболки.

Ова беспилотно летало работи преку посебна апликација за iPhone, а се користи посебен протокол за комуникација наречен MAVLink – micro air vehicle link.

Дронот може лета до 72 километри на час, а со полна батерија може во воздух да остане 15 минути.