Фото: Youtube
Дрон, наречен Little Ripper, којшто е во сопственост на крајбрежната стража на Нов Јужен Велс во Австралија, спаси две момчиња од давење, пишува Dezeen.
На дронот му беа потребни вкупно 70 секунди за да ја заврши целата работа што, според неговите оператори, е многу помалку од времето потребно еден спасувач да ја заврши истата работа.
Владата од Нов Јужен Велс инвестираше во 347.000 долари во флота на дронови коишто можат да детектираат ајкули, да спуштат појаси за спасување и да контактираат со пливачите преку звучници.