Рекордна посета на странски туристи во Шпанија во септември

Шпанија ја посетиле 10,14 милиони странски туристи во септември, што е историски рекорд за месец септември и 4,3 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, според прелиминарните податоци објавени денес од Шпанскиот институт за статистика (INE).

Најголем број туристи дошле од Велика Британија, 2,24 милиони, што претставува зголемување од 7,2 проценти во однос на претходната година.

Околу 1,25 милиони туристи пристигнале од Германија, или 4,7 проценти помалку, додека 1,05 милиони дошле од Франција, што е пад од 1,5 проценти.

Меѓу другите главни пазари, бројот на туристи од Соединетите Американски Држави се зголеми за 16,7 проценти, на околу 535.000, додека туристичките пристигнувања од Италија се зголемија за 6,8 проценти, на околу 528.000.

Најпосетувани дестинации во септември беа Балеарските Острови, со 2,18 милиони туристи, Каталонија со 2,1 милиони туристи и Андалузија со 1,54 милиони туристи.