Дронови вредни 15 милиони евра ќе ги надгледуваат хрватските рибарите

66

hr

Хрватскиот министер за земјоделие Тихомир Јаковина најави нов проект на хрватската влада за контрола на рибарството со беспилотни летала. Набавката на беспилотните летата ќе чини околу 15 милиони евра, а првите дронови за надзор на морето ќе бидат пуштени кон средината на следната година. Освен контрола на рибарството, при што на надлежните инспекции ќе им бидат доставувани податоци за прекршителите преку директни снимки, дроновите ќе имаат и други функции, како на пример контрола на границите во морето, пишува Слободна Далмација.

Министерот на собирот на рибарите во Задар им соопшти уште дека оние кои ќе ја прифатат ЕУ програмата scraping, односно ќе се согласат да го уништат својот рибарски брод и за тоа да добијат надомест од фондот на ЕУ, нема да плаќаат данок на тие средства.

Целта на оваа програма е да се намали бројот на рибарски бродови, а со тоа да се намали и прекумерниот излов на риба.