Dru – робот за испорака на пици на Domino’s

55

DRU-dominos-pizza-robot-640x360

Познатиот американски синџир на пицерии, Domino’s, разви робот за автоматска достава на пици, пишува arstechnika.com.

Компанијата го претстави Dru (Domino’s Robotic Unit) и најави дека овој робот на осми овој месец ја направи првата успешна испорака на пици.

Роботот Dru е висок еден метар и има два посебни сегмента – едниот за ладење на пијалаците, а другиот со соодветна температура за зачувување на топлината на 10 пици. Купувачите, преку специјален код, ќе можат да ги отклучат овие делови и да ја добијат нарачката.

Dru може да испорачува пица на оддалеченост од 20 километри од пицеријата со едно полнење на батеријата. Овој робот е дизајниран за движење по пешачки патеки и улици.