Дрво кое носи заработка од 50.000 евра, а инвестициите се минимални

323

Во Србија станува сè попопуларно одгледувањето на брзорастечкото дрво пауловнија, кое се смета за растение кое носи брз профит од дури 50.000 евра. Неодамна се појавија и првите насади на ова дрво, каде производителите сериозно се посветија на одгледувањето, велат упатените.

Одгледувачите на кинеското дрво пауловнија се претежно во Шумадија, особено околу Крагуевац. Милорад Цветовиќ од Крушевац, кој има плантажа на ова растение, вели дека заработката може да биде сериозна, додека првичните инвестиции не се големи, пренесува Блиц.рс.

Според Цветовиќ, тој влегол во овој бизнис затоа што слушнал дека побарувачката за ова дрво во светот е голема и дека во Србија нема доволно вакви стебла.

“Од одгледувањето на ова брзорастечко дрво со потекло од Кина, може да се живее убаво. Еден хектар, за четири години, може да донесе заработка до 50.000 евра. Подоцна кога доволно ќе порасне и може да се користи за друга намена освен огрев заработката се зголемува“, вели Милорад.

Објаснува дека дрвото може да се сади на полиња до 1.200 метри надморска височина, во текот на целата година. Може да се сече најмалку десет пати и повторно да порасне стеблото, а за една деценија достигнува висина од 18 метри.

Сепак, еден од недостатоците е што треба да почекате најмалку четири години за да заработите пари.

Цената на расадот е од 0,8 до 2,5 евра.

Фото: Pixabay