Држава во која не е забележан грабеж на банка во 2022 година

112

Данска не забележа ниту еден грабеж на банка во 2022 година, а според Асошиејтед прес (АП), ваквите грабежи нема да имаат многу смисла со оглед на тоа што готовинските трансакции во земјата речиси целосно испаднаа од употреба.

Данците сè почесто користат картички и паметни телефони за плаќање.Во вторникот синдикатот на вработените во данската банка ја поздрави веста дека 2022 година била без грабежи. Портпаролот на синдикатот Стин Лунд Олсен изрази задоволство, наведувајќи дека „грабежите предизвикуваат апсолутно екстремен притисок врз погодените вработени секогаш кога ќе се случат“.

Finance Denmark, здружението на банкарскиот сектор, рече дека само околу 20 филијали на банки низ земјата користат готовина. Сепак, беше наведено и дека бројот на филијали на банки паднал од 219 во 1991 година на 56 во 2021 година.

Новинските извештаи наведуваат дека повлекувањето готовина во Данска се намалува за околу три четвртини секоја година во последните шест години.

Во 2000 година евидентиран е 221 грабеж на банка, додека во 2021 година е забележан само еден, наведува Finance Denmark.

Според АП, ограбувачите првично го пренасочиле вниманието од филијалите на банките на банкоматите, а бројот на такви напади достигнал врв на 18 во 2016 година.

Сепак, бројот на ваквите грабежи е намален на нула поради подобар надзор и техничка заштита.

Од Finance Denmark велат дека во последниве години, криминалците се свртеле кон измама на луѓе на Интернет.