Државата Њујорк го забрани ископувањето биткоин

19

Рано утринава пратениците во парламентот на американската сојузна држава Њујорк гласаа за забрана на нови операции за ископување биткоини, јавува CNBC од Олбани, главниот град на таа земја.

Овој акт е испратен до гувернерката Кејти Хочул, која може да го потпише за да има сила на закон или може да стави вето.

Ако го потпише документот, Њујорк ќе стане првата земја во САД што ќе ја забрани блокчејн технолошката инфраструктура, вели Периан Боринг, основач и претседател на Комората за дигитална трговија.

Упатените од оваа индустрија, исто така, изјавија за CNBC дека ова може да има домино ефект низ Соединетите Американски Држави, кои моментално се во првите редови на глобалната индустрија за ископување биткоин со удел од 38 отсто од глобалните учесници во ископувањето крипто.