Државата со закон ќе ги ограничи цените на приватните болници за лекување ковид-пациенти

48

Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за медиумите истакна дека денеска на софискиот аеродром ќе пристигнат 2.000 кинески вакцини за нас, како донација од Обединети Арапски Емирати, која е резултат на иницијативата на нашиот амбасадор во Абу Даби.

“Со нив ќе се вакцинираат граѓаните по возрасните групи. Досега се вакцинирани околу 25000 граѓаните, а утре завршува вакцинацијата во критичните структури. Денес на ред беа новинарите и медиумските работници“, изјави Филипче.

Филипче соопшти дека денеска на состанок на Кризниот штаб како предлог е прифатено да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници да се ограничи висината на финансиски средства за време на кризата што се однесуваат на лекување на ковид пациенти. Ваквиот предлог утре ќе биде поднесен до Владата.