Државниот обвинител отвори истрага против Credit Suisse

Канцеларијата на швајцарскиот државен обвинител соопшти дека отворила истрага за настаните околу Credit Suisse, која ја презема ривалската банка UBS, истакнувајќи дека таа „сака да ја исполни својата задача“ и да покаже одговорност во придонесот за транспарентен швајцарски финансиски сектор, објави АП.

Канцеларијата соопшти и дека истрагата „не е формална“ и дека не е кривична истрага.

Обвинителите рекоа дека сакаат да добијат увид во настаните поврзани со Credit Suisse и да обезбедат и да ги проценат достапните информации за да ги анализираат и идентификуваат сите можни неправилности и дека сè уште не е идентификуван престап.

Канцеларијата, исто така, одговори на барањето за коментар откако Фајненшл тајмс објави за истрагата во текот на викендот, а УБС не беше спомената во изјавата.

Се потсетува дека швајцарската влада и финансиските регулатори помогнаа да се направи набрзина договорена зделка за преземање на Credit Suisse Bank во вредност од 3,25 милијарди долари, што делумно имаше за цел да ја смири загриженоста за глобалниот финансиски систем, потсетува АП.

Пред да се договори преземањето на 19 март, Credit Suisse губеше депозити и доверителите побрзаа да бараат исплата. Треба да се спомене и дека банката со години се соочува со проблеми како што се загубите во инвестициите во хеџ фондовите.

Тука е и непријавувањето на тајните офшор сметки, кои ги користеле богатите Американци за да избегнат плаќање даноци.

Фото: Facebook