Дубаи: Четири килограми злато награда за користење јавен превоз

26

2446894692

Жителите на Дубаи, кои наместо автомобили ќе користат јавен превоз за да стигнат до посакуваната дестинација, ќе имаат можност да добијат исклучителна награда – четири килограми злато.

Агенцијата за транспорт и патишта на Дубаи организира повеќе настани како дел од одбележување на Денот на јавниот транспорт, први ноември, со цел да ги мотивираат луѓето да ги остават автомобилите и да користат јавен превоз, пренесува BBC.

Дубаи е земја со една од највисоките стапки на користење на автомобили, а едно просечно семејство користи по 2,3 автомобили. Податоците велат дека само 13% од жителите на Дубаи користат јавен превоз.

Активностите во текот на седумдневната манифестација ќе вклучат и различни настани и натпревари, кои ќе бидат организирани на метро станиците и автобуските постојки, а меѓу познатите учесници е кошаркарската ѕвезда Кареем Абдул Јабар.

Прославата започнува на 26-ти октомрви и ќе трае една недела, а оние граѓани кои ќе го користат јавниот превоз ќе се борат за вредни награди.