
Во Дубаи планираат да изградат огромно луксузно одморалиште во облик на месечина, наречено „Мун Дубаи“, вреден 5 милијарди долари, со цел да го поттикнат туризмот.
Овој уникатен проект, дизајниран од канадската компанија „Мун Ворлд Ризортс Инк.“, ќе биде висок 224 метри и се очекува да се отвори до 2027 година.
„Мун Дубаи“ ќе има 300 луксузни „Скај вили“ на продажба, приватен клуб, спа-центар, простор за конференции, па дури и „месечев шатл“. Ќе вклучува и центар за обука за идните вселенски агенции. Се очекува одморалиштето да привлекува околу 2,5 милиони гости годишно.
Проектот е наменет за љубителите на вселената кои сакаат да го доживеат чувството да се биде во вселената, а да останат на Земјата. Целта е Дубаи да стане водечка дестинација за футуристички туризам. Коосновачот Мајкл Р. Хендерсон изјави дека „Мун Дубаи“ би можел да привлече до 10 милиони посетители годишно и да стане најголемиот и најуспешен туристички проект во регионот.











