Дубаи има економски план од речиси 9 трилиони долари

119

Дубаи објави економски план од 8,7 трилиони долари за следната деценија, кој ќе се фокусира на трговијата, странските инвестиции и место на мапата како глобален центар.

„Дубаи ќе се рангира како еден од првите четири светски финансиски центри со странски директни инвестиции кои ќе се зголемат на над 177 милијарди долари во следната деценија“, напиша на Твитер шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, владетел на Дубаи.

„Над 300.000 глобални инвеститори ќе помогнат да се изгради Дубаи во најбрзо растечки глобален град.

Во објавата се наведува дека се планирани 100 „трансформативни проекти“ за следните десет години. Тие вклучуваат зголемување на трговската размена со странство, речиси двојно зголемување на странските директни инвестиции и зголемување на владините трошоци, пренесува CNBC.

Градот во Обединетите Арапски Емирати има за цел да ја удвои својата економија во следната деценија и да стане еден од Топ 3 економски центри во светот.

Во последниве години, емиратот започна серија реформи со цел да го направи поатрактивен за странците и меѓународните компании за живеење и инвестирање.

Обединетите Арапски Емирати неодамна го сменија својот исламски викенд од петок-сабота во западен викенд од сабота-недела, во согласност со поголемиот дел од остатокот од светот, и почнаа да нудат програма за визи за работа на далечина.

Секторот за недвижнини во Дубаи моментално е во подем, а Дубаи неодамна е рангиран како еден од првите десет градови во светот за живеење и работа на иселениците.