Дубаи ќе добие хотел со потписот на Versace

30

Дубаи ќе добие уште едно луксузно здание следното лето. Станува збор за хотел со налик на дворец чиј идеен творец е познатиот луксузен бренд Versace.

Palazzo-Versace-Dubai

Гостите во хотелот ќе имаат можност да уживат во врвни удобности и активности како лагуна, песочна плажа, шеталиште на вода, женски и машки дневен спа центар и салон за убавина, внатрешен и надворешен базен и секако Versace бутик.

palazzohero-exterior500kb1

Импресивното здание ќе понуди 169 посебни апартмани и 214 богато украсени хотелски соби, со фини ткаенини и свила, рачно изработен мермерни додатоци, мозаици, рачно изгравирани златни сводни тавани, кои што ќе потсетуваат на врвните Европски и Италијански градби.

hotel-palazzo-versace-dubai-1

За сето тоа да изгледа беспрекорно ангажирани се повеќе од сто специјалисти од полето на архитектурата, како врвни каменорезачи и изработувачи на мозаици, од целиот свет.

palazzo-versace-hotel-8-new

Надворешниот изглед на хотелот ќе биде во Грчко Римски стил, со елегантни столбови, многу фонтани, базени и лагуни.

palazzo-versace-hotel-4-new

Овој ултра луксузен хотел ќе биде второ здание во светот со потписот на брендот Versace по Palazzo Versace Gold Coast во Квинсленд, Австралија кој што беше отворен во 2000 година.

a00774bbab88e82b2846bd0251acfcfc Palazzo-Versace-Dubai-Opening-Soon-003 Hotel-Palazzo-Versace-Dubai-2