Дубаи ќе добие уште еден величенствен комплекс

94

ovaMeraas Holding, компанија од Дубаи што се занимава со недвижнини, потпиша договор со брендот Bulgari за изградба на нов комплекс на островот Џумерија.

Архитектонското здание Bulgari Hotels & Resorts ќе биде уште едно луксузно надополнување на градот, а ќе се состои од 165 станови, осум пентхауси, 15 вили и хотел со пет ѕвезди.

Планирано е зданието да биде отворено во 2017 година, а истото ќе биде петта градба на луксузниот бренд. Комплексот ќе зафаќа површина од 170.000 метри квдратни и ќе биде вистинско место за богатата елита.

Хотелот ќе вклучува 101 соба во знакот на Bulgari, покрај 20-те вили со потпис на Mariott Ritz Carlton. Становите што ќе се простираат на шест кули, ќе имаат од една до четири спални соби, додека вилите од три до шест.

Во истиот проект вклучено е и пристаниште со капацитет од 50 места, како и клуб за јахти Bulgari, во форма на огромна потковица.

Резиденциите веќе ги заинтересираа богатите луѓе од заливот, Европа, Кина и Индија, а има и заинтересирани за вложување во овој проект, делумно поради фактот што е дело на престижнот италијански бренд.
luksuz-enterijer-dizajn-bulgari-rezidencije-dubai_1luksuz-enterijer-dizajn-bulgari-rezidencije-dubai_1luksuz-enterijer-dizajn-bulgari-rezidencije-dubai_2luksuz-enterijer-dizajn-bulgari-rezidencije-dubai_3luksuz-enterijer-dizajn-bulgari-rezidencije-dubai_3luksuz-enterijer-dizajn-bulgari-rezidencije-dubai_4luksuz-enterijer-dizajn-bulgari-rezidencije-dubai_5luksuz-enterijer-dizajn-bulgari-rezidencije-dubai_6viability-1-webluksuz-enterijer-dizajn-bulgari-rezidencije-dubai_2