
Патниците во Дубаи наскоро ќе можат да користат воздушни такси како побрза и посовремена алтернатива на копнениот транспорт, објави Ројтерс.
„Џоби Авиејшн“ успешно го спроведе првиот тест лет на своето целосно електрично воздушно такси, најавувајќи го почетокот на комерцијалната услуга во Емиратите уште во 2026 година.
Патувањето со воздушно такси помеѓу главниот аеродром во Дубаи и Палм Џумеира би траело околу 12 минути, што е пократко од 45-те минути со автомобил.











