Властите во Дубаи се борат против горештините и високите температури со вештачки дожд.
Според тамошните медиуми, Дубаи применува сложена технологија за производство на дожд. Со помош на дронови се ослободува електронски набој и се предизвикува дожд од облаците.
Негативните последици од вештачкото предизвикување дожд се обилните врнежи што го отежнуваат возењето на возачите.
Фото: Pexels