Дубровник ќе добие аквариум меѓу најголемите на Медитеранот?

299

akvarium

Градоначалникот на Дубровник, Андро Влахушиќ, во интервју за Глобус најави низа амбициозни проекти, кои, доколку се реализираат, ќе го направат овој град најголема туристичка атракција во Хрватска.

Влахушиќ најави изградба на голем аквариум, еден од најголемите на Медитеранот, во вкупна вредност од 80 милиони евра. Во план е да се гради и холивудско филмско студио, а наводно заинтересирани се инвеститори од HBO и американската продукциска куќа Relativity Media. Годишно во ова студио би се снимале три до четири холивудски блокбастери.