Дукат доби халал сертификат

58

dukat

Хрватската млечна индустрија Дукат официјално доби халал сертификат, со кој се потврдува имплементацијата на халал стандардот во процесите на набавка, подготовка и чување на сировините, производство, пакување, означување и дистрибуција на производите.

Со ова на Дукат му се отвора можност за извоз во 44 арапски земји со преку 1,5 милијарди жители, чија законска регулатива задолжително бара халал сертификација.

Вредноста на халал пазарот во Европската унија достигнува до 66 милијарди долари годишно, пишува Пословни дневник.