Дукат планира целосно да ја преземе Љубљанске млекарне

57

ljub mlekarneХрватската компанија Дукат, членка на Лакталис Група, извести дека има намера да објави понуда за преземање на Љубљанске млекарне, најголемиот преработувач на млеко во Словенија.

Дукат веќе поседува 50,285% акции од словенечката млекара, а преку Загрепската берза најави дека понудата за преземање ќе ја објави најдоцна во рок од еден месец.

На почетокот на овој месец, откако одобри словенечката Агенција за заштита на конкуренција, Дукат стана сопственик на 50,3% акции на Љубљанске млекарне од НФД Холдинг, Фактор банка, Mutual Fund, КД Делнишки Доходковни, КД Банка и Сава. Цената по која се купени акциите не е наведена, но словенечките медиуми проценуваат дека вредноста на трансакцијата е околу 20 милиони евра. Преостанатите акции на Љубљанске млекарне ги поседуваат Млекдоел, Дежелна банка Словеније, Задружен сојуз Словенија и 33 задруги.

Според последните податоци, Љубљанске млекарне вработува 548 работници и годишно преработува 200 милиони литри млеко, што е околу 50% од вкупното произведено млеко во Словенија.

Француската Лакталис група, чиј член е и Дукат од 2007 година, работи во 61 земја, а има организирано производство во 192 погони. Лакталис група лани оствари приход од 15,7 милијарди евра, од кои 75% се од пазарите надвор од Франција.