Хрватската компанија Дукат успеа во постапката на преземање на Љубљанске млекарне да добие уште 46,23% од акциите на словенечката млекарница, со што сега во своја сопственост има 4.229.239 акции, односно 96,52% од компанијата.
Дукат, членка на Лакталис група, досега беше сопственик на 50,28% од акциите на Љубљанске млекарне, која Лакталис ја купи од неколку словенечки фондови и банки.
Според пишувањето на словенечките медиуми, Дукат на преостанатите акционери им понудил преземање на сите акции за 8,75 евра по акција. Понудата ја прифатиле поголемиот дел од акционерите, па преземањето успеа.
Љубљанске млекарне има 550 вработени, а годишно преработува повеќе од 200 милиони литри млеко.