Dunkin’ Donuts го претстави својот прв безглутенски производ

138

Компанијата Dunkin’ Donuts го претстави својот прв пекарски производ без глутен, чоколадно Брауни, и истиот веќе од понеделник ќе биде достапен во сите 8.000 американски продавници на Dunkin, пишува CNN.

Потегот е како резултат на тоа што Dunkin е свесен за важноста на потребата од обезбедувањето на алтернативни избори за луѓе со диететски ограничувања или на оние кои избираат диета без глутен.

Според истражувачката компанија Packaged Facts, безглутенската храна е многу популарна и се предвидува да достигне околу 2 милијарди долари во продажба до 2020 година, што претставува зголемување од 20% во однос на 2015 година.

Dunkin’s brownie е само еден од групата новитети кои компанијата ги воведува. Другите вклучуваат вафли со пилешко, ѓевречиња и ролнички со шунка и сирење. Сите овие производи кои чинат по 2 долари имаат за цел да ја променат и американската перцепција за појадок воопшто.

Фото: Dunkin’ Donuts