Dunkin’ Donuts ќе продава пиво со вкус на кафе

22

kj

Фото: Dunkin’ Donuts

Американската компанија Dunkin’ Donuts’, којашто е позната по своите вкусни крофни и кафе, по повод најкраткиот ден во годината, претставува нов производ – пиво од црно кафе, стои во соопштението. DDark Roasted Brew ќе биде произведено во соработка со пиварницата Wormtown. чие седиште е во Ворчестер, Масачусетс, домот на Dunkin’ Donuts’.

Точно во 11 часот и 28 минути ќе биде ќе биде наточена првата чаша пиво и пијалакот ќе може да се купи од пиварницата. Идејата на компанијата е со темното пиво да се одбележи најтемниот ден во годината, односно краткоденицата.

Зимското пиво ќе има арома на свежо мелено кафе и богат крем вкус, без вообичаената горчина што ја дава црното кафе. Првите 100 гости ќе добијат торба со подароци од Dunkin’ Donuts и Wormtown, а пиварницата дизајнираше и специјални чаши за овој настан.