Дура аутомотив системс и Алмак го презентираа нивниот нов инвестициски проект од 30 милиони евра во земјава

226

Делегација предводена од менаџментот на глобално реномираните компании Дура аутомотив системс и Алмак одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев, на која беше презентиран нивниот нов инвестициски проект во земјава.

Средбата е во пресрет на утрешното официјално стартување со инвестициските активности на двете компании кои донесоа одлука за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.

Станува збор за нова инвестиција во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.

Премиерот Заев ги поздрави заложбите за инвестиции во земјава, кои значат имплементирање на врвна технологија и нови добро платени вработувања, што ќе влијае на севкупниот економски раст.

На средбата во Влада, присуствуваа и директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески. Почетокот на производството се планира за следната година.

Компанијата од Јужна Кореа, Алмак, ќе има мнозински удел во заедничкиот инвестициски проект од 70%, а главна причина за нивната одлука за инвестирање во Северна Македонија, како што беше истакнато на состанокот, е позитивното искуство на нивниот бизнис партнер Дура аутомотив системс, кои ја потврдија одличната деловна клима во земјава и можноста за долгорочно планирање и развој на заедничкиот проект.

Фото: Freepik