Глобалниот бренд Дурекс е прогласен за STUBRAND за 2015 година. Durex се стекна со престижното признание врз основа на 71% позитивен имиџ, односно многу голем степен на емотивна приврзаност кон брендот од страна на испитаниците во истражувањето.
STUBRAND е единствено истражување фокусирано на најпопуларните брендови меѓу студентската популација. Преку соодветна и уникатна методологија, истражувачкиот процес ги мери имиџот и приврзаноста кон брендовите од страна на студентите. Во првото STUBRAND истражување спроведено во Македонија беа анализирани 291 брендови поделени во 19 категории на производи и услуги. Вкупно 342 македонски студенти беа вклучени во истражувањето и се изјаснија за Дурекс како еден од фаворизираните брендови.
Светскиот познатиот бренд Дурекс е исклучително активен меѓу студентската популација во Македонија со развивање на интерактивен однос. Преку својата стратегија за едукација за сексуално преносливите болести и несаканата бременост, Дурекс врз студентите спроведува истражувања за сексуалните познавања со што добива вредни и прецизни знаења за ставовите и познавањата на своите корисници.
Уникатноста на STUBRAND методологијата произлегува од методологијата на Ликертовата скала која е употребена за мерење на ставовите на студентите, при што од нив се бара со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t Know, во најбрз можен рок да ја искажат, првичната и најбрза, импулсивно – емотивната реакција поврзана со конкретниот бренд. На овој начин се мери интензитетот на чувствата, односно емоциите за степенот на емотивната приврзаност кон извесен брендот.