Дури 44% од корисниците на Twitter никогаш не објавиле твит

13

Evil-tweetСамо мал број од корисниците на Twitter активно ја користат оваа социјална мрежа. Тоа го покажува истражувањето на Twopcharts според кое 44% од корисниците на Twitter никогаш не објавиле порака (твит) на социјалната мрежа. Дополнителни 30% од корисниците имаат објавено само 10 твитови, а само 13% имаат објавено повеќе од 100 твитови. Интересно е што дури 47% од корисниците на профилот немаат слика.

Twopcharts, исто така, наведува дека Twitter од своето основање избришал 500 милиони профили поради спам или други прекршоци.

Twitter неодамна објави дека има 241 милиони активни корисници.