Дури 70 милијарди долари – Сомнителна понуда на Microsoft за купување видео игри

45

Понудата на Microsoft од 68,7 милијарди долари за купување на производителот на видеоигри Activision Blizzard се соочува со истрага во Велика Британија, објави Управата за конкуренција и пазари (CMA).

Британската агенција за заштита на конкуренцијата во соопштението наведе дека разгледува дали спојувањето би резултирало со значајно намалување на конкуренцијата на кој било пазар во државата.

Исто така, се вели дека истрагата ќе разгледа и „дали договорот може да ѝ наштети на конкуренцијата и да доведе до полоши резултати за потрошувачите – на пример, преку повисоки цени, понизок квалитет или намален избор“.

CMA го одреди датумот 1 септември како краен рок за својата прва фаза на одлучување и ги покани релевантните и трети страни да коментираат за договорот помеѓу 6 и 20 јули.

Activision Blizzard има популарни франшизи за видеоигри како што се „Call of Duty“, „Guitar Hero“, „Warcraft“ и „Candy Crush“.
Од март 2018 година, таа е најголемата компанија за игри во Америка и Европа, според приходите и пазарната капитализација.