Дури 70% од семејствата во БиХ не можат да ги покријат трошоците за живот

23

kolicka supermarket

Дури 70% од семејствата во Босна и Херцеговина не можат да покријат трошоците за живот, велат од Организацијата за заштита на потрошувачи во БиХ.

Овие податоци воопшто не зачудуваат бидејќи од просечната плата во износ од околу 425 евра, не е можно да се подмират ниту половина од ставките што влегуваат во најосновната потрошувачка кошница, пишува Независне новине.

Според податоците на Сојузот на синдикати на Република Српска, за храна на едно просечно семејство му се потребни 350 евра, а за комуналии околу 266 евра, додека за останатите трошоци потребни се дополнителни 300 евра.

Доколку станува збор за семејство што има обврски за исплаќање на кредит или други видови непланирани трошоци, животот до следната плата се сведува на умешност и снаоѓање.

“Жител на Луксембург со своите примања може да купи девет пати повеќе стока одошто потрошувач во Босна и Херцеговина. Европските семејства имаат луксуз и комодитет при купувањето, бидејќи 85% од заработените пари остануваат за непрехрамбени артикли, комуналии, облека, обувки и слично“, наведуваат од Организацијата.